fbpx
23.8 C
Skopje

Видео: Ѓоковиќ запеа песна и од Оливер Драгојевиќ во Хрватска: Подобро ми иде тенисот отколку пеењето

АКТУЕЛНО

Српската спортска, но и светска легенда Новак Ѓоковиќ не престанува да ги изненадува своите фанови. По осовјувањето на Вимблдон тој ужива со својата понежна половина во Хрватска поточно на островот Корчула.

Српскиот тенисер веќе објави неколку слики и видеа од одморот, а на „Твитер“ сподели и снимка на која заедно со Јелена го пеат хитот од Оливер Драгојевиќ, „Кад ми доџеш ти“. Освен што откри дека ужива во одморот, напиша и дека подобро му оди тенисот отколку пеењето.

Претходно српскиот тенисер на социјалните мрежи ја пееше и „македонско девојче“, а доби и лична покана од македонскиот премиер Зоран Заев да ја посети нашата земја. На ова Ѓоковиќ одговори дека ја прифаќа понудата и дека мора да го види Охрид, но не знае кога би дошол.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -