Тие се три, а нивното име е „Шербет“. И ако ги погледнете навистина се ШЕРБЕТ. Македонското тетовско трио станува препознатливо во Македонија по нивните музички видеа снимени на тетовските улици. Тие претставуваат уникатен спој на младост, талент и пријателство.
Тие се три, пред се пријателки, но и долгогодишни членови на градскиот женски младински хор Менада од Тетово – Теодора Ветероска, Ана Марија Блажеска и Марија Костоска. Нивната приказна започнува во градскиот женски младински хор од Тетово, а откако добиле позитивни коментари и реакции на социјалните мрежи по објавувањето на музички видеа, решиле да продолжат да снимаат препеви на македонски песни од различни периоди на македонската музика на познати или автентични локации во градот.
За да не ви раскажуваме многу за тоа кои се „Шербет“, во продолжение видео од нивната изведба на песната „Распукала Шар Планина“. Браво девојки, продолжете да ја ширите македонската песна!