23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Заев за бугарски медиум открива дали Бојко Борисов му се јавил за бизнисменот Орце Камчев

Историските факти односно заедничката историја со Бугарија е јасна. Од тоа нема бегање. Комисиите треба да си ја заврши својата работа. Тие се охрабрени од мене и Борисов. Бугарската православна црква изигра историска улога за Македонска православна црква, рече премиерот Заев во интервју за БГНЕС.

Бугарија може да помогне во процесот на евроинтеграции и Бугарија многу ни помага. Таа беше првата која се бореше за нас во Европската комисија, за да добиеме датум за започнување на преговори со ЕУ. Таа беше една од првите држави кои го ратификуваше протоколот за членство во НАТО. Бугарија го покажа своето пријателство. Впрочем, и ние го покажуваме истото, вели Заев.

Случајот Камчев. Бугарскиот премиер Бојко Борисов на никаков начин не ми се обратил, ниту пак ми се јавил за македонскиот бизнисмен Орце Камчев. Тој не би си дозволил такво нешто, бидејќи е европски политичар и го почитува владеењето на правото. Ние сме европска држава и сакаме да зборуваме за иднината и да правиме модерна политика. Тоа е политиката која ја прават Макрон и Меркел, политика ориентирана кон иднината, која дава перспектива на младите луѓе, додаде премиерот во интервјуто за БГНЕС.

поврзани објави

Последни објави