Музичарот и пејач Мирослав Шкоро и официјално е еден од кандидатите за претседател на Хрватска. Шкоро сега е во концертна сезона односно се загрева за вистинската „турнеа“, а тоа е онаа во која тој ќе ја прошета Хрватска барајќи ја поддршката на хрватскиот народ за нивни претседател.
Во последно време пејачот е доста активен на социјалните мрежи, а речиси секое негово појавување или активност во јавноста е споделено со сите негови обожаватели на Фејсбук. На еден од последните концерти публиката скандира „Шкоро претседник“, а тој тогаш започнува да ја пее песната „Суде ми“ која ја има посветено на хрватскиот генерал Анте Готовина, но и како што вели Шкоро, за сите други хрватски генерали.
🇭🇷💪 #sudemi
Posted by Miroslav Škoro on Sunday, July 14, 2019
Претходно, во неколку наврати Шкоро се обраќаше до јавноста, но и испраќаше одговор на како што рече медиумски манипулации.
Evo moga odgovora na današnje medijske manipulacije. 😉https://youtu.be/-hwIRlNLcA4
Posted by Miroslav Škoro on Thursday, July 4, 2019