Актерот Сашо Тасевски повторно распали на Фејсбк, со статус посветен на актуелната ситуација со случајот Рекет, во кој Боки 13 и Зоки Кичеец, беа приведени за рекет, а наводно во овој случај е вмешана и Јавната обвинителка, Катица Јанева и нејзиниот син.
Тасевски во последната седмица е доста актуелен околу Катица Јанева и целата ситуација со случајот „Рекет“, при што најавуваше дека ќе шета гол, ако се случи обвинителката да биде осудена за овој случај.
Тој тогаш напиша: Ако го осудат Катето, ќе организирам геј парада у Аеродром, кајшто е најризично и издепилиран во црвена танга ќе скандирам: Нема правда, нема мир!, напиша Тасевски, а денеска се надоврза со нов статус: Мислев се истрчав ко реков у танга ќе шетам ако ја осудат Катица. Се опцув стопати… Ах шо ми требаше, сум го колнел денот во кој сум се родил. Сега викам ќе ја осудат, ќе ми вадат што сум рекол и ќе мора на геј парада на чело да бидам.
Ама имало Господ, пресов на Катица беше музика за моите уши. Нема да лежи. А ја ќе продужам да глумам мачо пред светот. Тангата само по дома.
А денес излезе со песна, од своето ве-це. За што точно станува збор, погледнете во продолжение:
Катица од Трето Три.From toalet somewhere in Skopje
Posted by Sasho Tasevski on Tuesday, July 23, 2019