8.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Заев: Јас пијам кафе со секој, но доказите кои Героски ред е да ги пријави, нема што кај Заев да разговара, јас не сум обвинител и истражител

На новинарско прашање „премиере новинарот кој водеше хајка против Кики и Фрики најави нов серијал на текстови каде ќе пишува за вас, но пред тој серијал тој побара средба со Вас. Дали овие хајки ги разбирате како порака од бизнисмени кои ви праќаат порака ако не им помогнете ќе ве срушат од власт?

На ова новинарско прашање од Саше Ивановски на денешна пресконференција, премиерот Заев рече:

Борбата против криминалот и корупцијата нигде не била лесна. Јас тврдам дека ќе бидам прв во опстојувањето на борбата против криминалот и корупцијата. Тоа го заслужуваат граѓаните. Јас сум претседателот на владата кој треба да овозможи услови за непречени истраги без разлика за кого се однесуваат. Нема бесење и стрелање, но има затвор. Може да се обидува кој како сака, ние нема да потклекнеме во таа борба, без разлика на кого се однесува. Но, пресумпцијата на невиност мора да се почитува. Новинарот Бранко Героски гледам јавно побара средба со мене, повикувајќи се на таа тема. Има истражни органи, треба да оди таму да си пријави. Сите докази ред е да оди да ги пријави. Ред е да оди таму да ги пријави, нема што кај Заев, јас не сум обвинител и истражител, јас пијам кафе со секој, но на оваа тема нема што да разговара со мене. Треба да си пријави во истражните органи. Каде тој мисли дека е соодветната институција, таму треба да си пријави.

Имено новинарот Бранко Героски преку една од своите колумни побара пријателска средба со премиерот Заев, за како што напиша сакал лично да му објасни зошто било важно тој сам да ја решел кризава која наста по случајот “Рекет“. Доколку нема сериозна разврска, Героски најави нови текстови во август за истиот случај, проширен и со нови ликови.

поврзани објави

Последни објави