На патниот правец Елбасан-Пеќин попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувал и македонски државјанин.
Во собраќајката се повредени три лица откако камион управувам од македонскиот државјанин удрил во автомобил мерцедес. Повредените се пренесени во болницата во Елбасан и се вон животна опасност.
-Сообраќајната несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Папер. Од се уште непознати причини дошло до судар меѓу автомобил „мерцедес“ управуван од М.К. жител на Тирана и камион со кој управувал македонскиот државјанин Х.Ф. од Тетово, стои во полициското соопштение.
Се додава дека увид врши истражна екипа, која треба да ја расветли причината за несреќата.