10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Албанска партија со нов предлог: Фатиме Фетаи треба да биде замена на Катица Јанева

Партијата на Африм Гаши, Алтернатива, како кадар кој досега не оставила траги од злоупотреба на службената должност за главен специјален обвинител односно замена на Катица Јанева ја предлагаат обвинителката Фатиме Фетаи.

„Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја.

Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција“, наведуваат од Алтернатива.

Извор: Фокус

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави