-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

И покрај здравствената состојба, судот додели нови 30 дена притвор за Миле Јанакиески

Ексминистерот Миле Јанакиески и останатите осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, добија нови 30 дена притвор, потврдија од кривичниот суд.

Судот одлучувал по предлозите на Обвинителството на сите да им биде продолжен притворот. Јанакиески беше пренесен на преглед во градската болница „Осми септември“ и во приватна болница, но судот тоа не го прифатил како олеснителна околност за изрекување поблага мерка.

Јанакиески и останатите осомничени имаат право на жалба до кривичниот совет на судот. Со истрагата која што беше отворена во јуни, покрај Јанакиески, опфатени се петмина вработени во Министерството за транспорт и врски, поранешна државна правобранителка, вработена во катастар, бизнисмен и уште две лица.

поврзани објави

Последни објави