Помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој денеска порача да се престане со играње политички игри, доби одговор од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој на својата пресконференција рече дека ќе има можност да му каже на Рикер кој игра политички игри.
-Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука – рече Мицкоски.
Никаде не слушнав дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст предложен од Владата. Рикер ниту во еден момент не рече дека опозицијата треба да се однесува по принципот земи или остави. Искусни дипломати не размислуваат како Заев кој сака да наметне едноумие. Не постои друга поконстуктивна улога на опозицијата од оваа што ја игра ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отвори прашањето дали Владата е конструктивна, додаде тој.