2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Независен: Мијалков побарал да му го вратат пасошот за да оди да се лекува, Катица Јанева потпишала негативно мислење

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бара судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, пишува „Независен весник“.

Според информациите на „Независен весник“, Мијалков отишол во СЈО со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.

Обвинителката Фатиме Фетаи, до судот испратила негативно мислење, потпишано од Катица Јанева.

поврзани објави

Последни објави