Девојката која вчера таксистот ја тресна од земја. За 20 годишна новинарска кариера, сум се изнагледала многу луѓе за лечење. Но, девојкава не е од тие, како што вчера алудираа многумина, базирајќи се на рекла-казала муабети. Да беше за лечење, немаше да крши бришач, напротив ќе му акнеше шише од глава на таксистот уште во кола. Она дури не употреби ни физичка сила за самоодбрана.
На неа во моментов и` треба помош од институции за да ја заштитат и овој случај да добие епилог. А, на таксистот, кој врши јавна дејност, да му се преиспита лиценцата од Град Скопје.
Факт 1. Конфликтот е настанат во возилото, затоа и маицата и` е слечена до половина. Внатре се случил првиот вербален и физички контакт.
Ние на видеото го гледаме крајот од инцидентот.
Факт 2. Не е вистина дека му украла мобилен и новчаник, како што тврдеа на соц.мрежи, бидејќи при падот мобилниот од нејзина рака паѓа на земја, а таксистот не го зема, бидејќи не е ни негов, нејзин е.
Тој влегува во кола.
Факт 3. Агресија од овој тип на таксист, говори дека не само што се познаваат, туку и нешто лично е во прашање
Препорака 4. Институциите и невладините мора повеќе да се ангажираат околу безбедноста на жените во градот и земјата, со окончување на овој случај, а со тоа да испратат порака до сите насилници дека ниту можат, ниту смеат, да креваат рака врз било кого.
ФБ статус на новинарката Јорданка Ивановска Јоци