Објавата е на Ивица Јованоски на Фејсбук, кој својата мака и голгота едноставно ја напишал со зборови. И на крај додава – да не сте во моја кожа.
Ова е таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид. Погледнете ги само условите, хигиената и сместувањето на телото на починатиот пациент. Ова е чист пример за тоа колку трула, скапана и ужасна држава сме и во која состојба ни е нефункционалното и ужасното здравство.
На видеото и на сликите е телото на мојата мајка која почина после само 38 часа од префрлањето во “специјализираната” болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид, која ми изгледаше по се како воопшто не специјализирана и ме потсетуваше како болница од некое село заглавена во 70тите. Мојата мајка Љубица Мишева Јованоска доживеа мозочен удар на 6ти мај оваа година и беа изведени две операции на мозок во државна болница во Скопје на клиниката за неврохирургија, после два месеца беше префрлена во пародијата од болница во Кавадарци, од каде беше бркана две недели додека претстојуваше таму и цело време бевме во конфликт со мороните од доктори и сестри од нервно да сме ја носеле дома или во дом не приморуваа, за на крај едвај да биде примена во Свети Еразмо – примањето беше припратено со половина час ужасна галама (не била за кај нив, тежок случај била, рани имала, а немаше), одбивност, ароганција од неколку од сестри, еден кловн доктор (Јоне Мицевски) и сето тоа пред очите на мојата мајка која беше свесна, во тешка состобја и чекаше околу три часа во ходникот на болницата за на крај да биде примена на оделение.
Posted by Ivica Jovanoski on Friday, July 26, 2019
Од кога беше примена мојата мајка на одделение во Свети Еразмо, почина после само 38 часа што ме наведува да мислам дека се ослободиле од неа. Од кога ме известија телефонски дека починала и кога дојдов не добив подетален одговор кои се причините за смртта освен што секој еден што го прашав ми рече ТЕЖОК СЛУЧАЈ БЕШЕ, што пак ме наведува дека се ослободиле од неа или дека направиле грешка со терапијата.
Еве до кој степен ни е стигнато нефункционалното и ужасно здравство. Сакам да им се заблагодарам на доктор Роберт Шумковски и неговиот тим од клиниката за неврохирургија на државна болница во Скопје и анестезиолозите Васко Демјански и Александар Димитровски кои ја водеа мојата мајка додека претстојуваше во пародијата од болница во Кавадарци, кои ги праќаат од Скопје бидејќи во Кавадарци немаат анестезиолог. Луѓето се врвни професионалци и големи стручњаци во својата област.
Сите знаеме колку ни е труло и неефикасно здравството, не би му посакал на никој да го осети на своја кожа. ЈАС ЌЕ ЈА ИСКОРИСТАМ СЕКОЈА ПРИЛИКА И МОЖНОСТ ЗА ДА ЈА НАПУШТАМ ОВАА ПАРОДИЈА ОД ДРЖАВА!
Ова е таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид. Погледнете ги само условите, хигиената и…
Posted by Ivica Jovanoski on Friday, July 26, 2019