Хуманоста е нешто што не секој ја има, но пејачот Ѓоко Јовиќ докажа како е кога си голем хуманитарец. Направи потег кој уште долго ќе се памети.
На свој настап порачал секој што сака и чувствува дека може да помогне за операција на Ирена Танчева, мајка на две дечиња – да донира за истата да добие третман во Москва, Русија.
-Наредните петнаесеттина минути ќе пејам за една храбра мајка на две дечиња, Ирена Танчева, на која и е потребно скапо лекување на клиника во Москва, Русија. Ќе ве молам сите кои сте во можност да донирате, да и помогнеме на мајката – повика Јовиќ.
Веднаш по првите ноти, гостите еден по еден започнаа да стануваат и да доаѓаат пред бината со банкноти во рацете. Кога сфати дека допрел до гостите со пораката, тој извади куфер и го постави пред музиката. За само неколку минути куферот беше полн. Собраните средства и ги предал на Ирена, која јавно се заблагодари.
-Благодарение на Ѓоко и на хуманите луѓе, ми преостанува да соберам само уште 1.500 евра за моето лекување. Ѓоко Јовиќ, Господ нека те благослови тебе и твојата фамилија – порача Танчева.
Младата Ирена од Самоилово на 27-ми април 2017 година доживеа тешка сообраќајна незгода, по која остана прикована во постела.
Таа е мајка на две деца на возраст од пет и седум години. Во повеќе наврати се обрати до јавноста, апелирајќи за помош за лекување на клиника во Русија, односно на терапија со матични клетки, која била нејзината единствена надеж дека повторно ќе застане на нозе.
Сите хумани луѓе кои се во можност можат да донираат на 070 143 115 Телеком и на 143 500 ВИП.
Извор: Фокус