Новинарот Љупчо Златев и претседателката на партијата „Глас за Македонија“ Солза Грчева си разменија по некој коментар на социјалната мрежа „Фејсбук“ за посетата на Грчева кај претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.
Имено, токму Златев сподели фотографија од посетата на Грчева кај Пендаровски, над која пишува: И сеа БојкотирамПИ не одработуваа за СДСМ и Пендаровски?
На оваа објава на новинарот со свој коментар не остана должна и Солза Грчева:
Не бе брате Златев. Ова ВМРО преку тебе да не зборува? Ние само се бориме за тоа што ни припаѓа: промена на изборен модел, финансирање на партии и медиумско покривање. И насекаде ќе ги испорачаме овие барања. И до твој Мицко, не бери гајле.
Златев и возврати: Не зборува никој преку мене. Многу е лицемерно да се бојкотираат избори за наводно да се бојкотира “Северна”, за на крај да се отиде кај претседателот на таа “Северна”.
Грчева очигледно повторно не можеше да се воздржи, па напиша и друг коментар: а ти плаќаш даноци на Северна? дај те молам со детски приказни. Се бориме за третата опција (која не ви треба) да добие тоа што во нормални држави го има: горе долу фер избори. И ќе одиме кај сите.
Новинарот Златев вели дека потегот на Грчев е легитимирање на претседателот на Северна, која тој не ја признавал.
И сеа #БојкптирамПИ не одработуваа за СДСМ и Пендаровски???
Posted by Ljupcho Zlatev on Friday, July 26, 2019