4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Стоилов под посебна програма се подготвува за новата сезона (Фото)

Ракометарите на Вардар интензивно се подготвуваат за стартот на новата сезона. Тоа најдобро го потврди капитенот на европскиот шампион, Стојанче Стоилов, кој реши овој пат да тренира индивидуално, бидејќи се уште се рехабилитира од незгодната повреда која го мачи веќе подолг период.

Македонскиот репрезентативец минатиот месец имаше хируршки зафат, но очигледно е дека со режимот на тренинзи ќе биде подготвен за стартот на новата натпреварувачка сезона која започнува во сетември.

Едно е јасно, Стоилов дефинитивно нема да може да настапи на Супер-Глоуб.

Капитенот Stole Stoilov работи под посебна програма како дел од рехабилитацијата. 🏋️‍♀️Очекуваме да биде подготвен за почетокот на сезоната. 🤾‍♂️

Posted by RK Vardar on Saturday, July 27, 2019

Извор: Курир

поврзани објави

Последни објави