14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Солзи кои не можат да се глумат: Семејството Спасовски по десет месеци доби нов дом (ВИДЕО)

Солзи радосници течат по лицето на 50 годишниот Бранко Спасовски, а благодарноста е упатена кон сите хумани граѓани и фирми, кои помогнаа во изградбата на домот за неговото семејство во селото Тодоровци во Македонска Каменица. Коритото старо една деценија во кое се капеа пет годишниот Јован и две годишниот Павел, полското веце направено со даски и собата од десет квадрати ќе бидат минато, пренесе телевизија Телма.

Десет месеци по приказната за субстандарните услови за живот, ова семејство кон крајот на август ќе се всели во новиот дом, со најубавиот поглед кон езерото Калиманци.

Бранко е вреден комунален работник, секој ден пеш поминува по неколку километри, за да пристигне до работното место. Со неговата плата од 200 евра незнаат што поправо да платат, дали сметки или да купат храна. Приказната за ова семејство, кое живее во селото Тодоровци од разбиен тип и за кого животот застанал пред два века ја откри хуманистотот Дарко Гоцевски, кој ја доби втората награда за граѓанско новинарство на МЦМС и Телма.

Хуманите граѓани, општина Македонска Каменица и рудникот Саса донираа за новиот дом за семејството Спасевски, кое пред неколку месеци се прошири и со уште еден член.

Целата вест на телевизија ТЕЛМА – погледнете овде.

поврзани објави

Последни објави