Утрово околу 2:20 часот во двор во скопската населба Аеродром, непознат сторител запалил автомобил, кој бил паркиран во дворот од куќата.
42-годишната сопственичка на автомобилот А.Н, случајот го пријавила во полиција, дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност на нејзиниот автомобил, од марка „Пежо“.
Пожарот бил изгаснат од БПЗ-Скопје. Од МВР најавија дека се превземаат соодветни мерки за откривање на сторителот.