2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Жена го напушти мажот по 22 години брак, бидејќи го поддржувал Трамп

Сите знаеме колку јаки страсти можат да се разиграат на една семејна слава ако во луѓето има такви кои се со различно мислење за некое политичко прашање. Не само во Македонија политиката води до кавги меѓу најблиските.

Откако Доналд Трамп стана претседател на САД, луѓе од целиот свет се чувствителни на таа тема и често влегуваат во дискусија која на крајот завршува со кавга, без разлика колку и тие да им се блиски. Едни го поддржуваат, други го критикуваат. Таков е и семејниот раздор во Калифорнија кој завршува со крај на бракот кој траел цели 22 години. Геил Макормик е бивша надзорничка на затворско оделение во Калифорнија. По 22 годишен брак со својот сопруг таа спонтано се одлучува да го напушти, во истиот момент кога тој одлучува да го даде својот глас за Доналд Трамп.

Госпоѓа Макормик има 73 години и себеси си се доживува како демократ. Таа со јавноста сподели дека се почувствувала како предадена од најблискиот човек и дека Трамп бил многу поважен за нејзиниот веќе екс сопруг.

Се почувствував како да сум живеела во заблуда, вели таа.

поврзани објави

Последни објави