7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Македонец купил 15-годишна невеста за 1.600 евра: сега има проблеми со законот, ќе одговара за тешко дело

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело трговија со дете, а до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје е поднесен предлог за примена на санкција спрема деца во судир со законот над 16 години за истото кривично дело.

Обвинетиот македонски државјанин, соопшти денеска ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, во април годинава со намера да се ожени, ја купил петнаесетгодишната жртва за сума од 1.600 евра од нејзиниот малолетен роднина, иако знаел за возраста на девојчето.

– Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја земал и ја однел на договореното место. Осомничениот ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила прилика и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители, се појаснува во соопштението.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинениот.

поврзани објави

Последни објави