радоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, се огласи на својот Фејсбук профил по статусот на Груевски во кој го прозива Шилегов затоа што ќе го врати старото име на улицата “Мексичка”.
Груевски, меѓу другото напиша и дека можно е Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев да бидат нападнати од граѓаните во “некоја темна уличка”.
“Нашиот денешен Петре заедно со неговиот шеф Зоки не дај боже да им паднат на луѓето во раце во некоја темна уличка…”.
По ваквиот статус, осамна и Фејсбук статус од “таткото на Скопје”:
“Кон крајот на август месец, градот Скопје ќе објави постапка за Смарт сити, која вклучува и лед осветлување на улиците.
Така што, сите улици ќе бидат осветлени …Ленинова на пример ? А да !!! И Мексичка. Пливај мали !!! Ауууу, Маџарска нема море …”, напиша Шилегов.
Кон крајот на август месец, градот Скопје ќе објави постапка за Смарт сити, која вклучува и лед осветлување на…
Posted by Петре Шилегов on Tuesday, July 30, 2019