17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Тешка сообраќајка на патот Штип – Радовиш кај Лакавица: повредените префрлени во Клиничка болница

Четворицата тешко повредни во сообраќајната несреќа кај штипското село Лакавица се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека двајца пациенти се наоѓаат на одделението за неурохирургија, додека еден на одделението за хирургија, а четвртиот пациент е на ортопедија.

Тој додаде дека лекарите во моментов вршат прегледи и интервенциите на пациентите.

Сообраќајната несреќа се случи во 14:47 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш кај Лакавица кога се судрија камион со скопски регистерски таблички и автомобил марка „Голф“ со радовишки регистерски таблички.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави