Телевизија Канал 5 со ексклузивни информации од вештачењето на телефонот на обвинителката Катица Јанева. Обвинителката Вилма Рускоска за Канал 5 потврдила дека е вештачен и вториот телефон на Јанева, но дека во него не е пронајдено ништо, бидејќи истиот е форматиран со сменет I Cloud.
Веста објавена од Канал 5 можете да ја погледнете на следниот линк ОВДЕ.
Повеќе вести: Мицкоски се сретна со унгарскиот амбасадор Виктор Орбан, на средбата разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.
И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции, подвлече Мицкоски.
-Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро а сиромаштијата и иселувањето стануваат актуни проблеми, изјави Мицкоски.
На средбата стана збор и за песпективите за меѓусебна соработка особено во пресрет на Конгресот на Европската Народна Партија каде ВМРО-ДПМНЕ и партијата на премиерот Орбан се сестрински партии членки.
Мицкоски истакна дека е за развој на меѓусебната соработка и афирмација на стратешките цели на Република Македонија.
Инаку средбата со премиерот Орбан која беше на државно ниво и со официјален пречек се случи во неговата официјална резиденција во замокот “Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости.