13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Земјотрес го стресе омиленото место на Македонците за време на летниот период

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени денеска го погоди грчкиот остров Закинтос во Јонското Море.

Во потресот нема повредени луѓе, ниту е пријавена материјална штета, јавија грчките медиуми.

Епицентарот на потресот бил 63 километри од градот Закинтос, на длабочина од пет километри.

Повеќе вести од регионот: Грабар-Китаровиќ вели дека Хрватска ќе им помогне на соседните земји да влезат во ЕУ. Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим изјави дека Хрватска ќе им помогне на соседните земји да влезат во Европската унија.

– Можеме да направиме многу добри работи, но исто така и да потонеме во хаос. И затоа мора да го надгледуваме сето она што се случува околу нас и, што се однесува до Хрватска, да им помогнеме на соседните земји – БиХ и Македонија – да влезат во Европската унија, рече Грабар-Китаровиќ.

Во контекст на заедничките безбедносни закани, таа оцени дека е важно Хрватска и Израел заедно да се грижат за Европа и Медитеранот и оти соработката и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување се најважни за безбедноста на двата народи.

поврзани објави

Последни објави