17.8 C
Skopje
Sunday, April 20, 2025

Мицкоски објави видео од Будимпешта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е во официјална посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан. На официјалната фејсбук страница на Мицкоски е објавено видео од пречекот на Мицкоски во Будимпешта. Воедно, претседателот на најголемата опозициска партија во нашата држава, информираше за текот на средбата и за тоа што зборувале со унгарскиот премиер.

На средбата со г. Орбан Виктор изразив загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кои се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.

И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции, стои во објавата на фејсбук страната на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Будимпешта, 30.07.2019

На средбата со г. Orbán Viktor изразив загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кои се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава. И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции.

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, July 30, 2019

поврзани објави

Последни објави