fbpx
11.8 C
Skopje

Пристигнува нов член во семејството Ѓоковиќ: Јелена и Новак чекаат второ дете

АКТУЕЛНО

Тенискиот рекет број два Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена наскоро ќе добијат нов член на семејството.

Според пишувањата на српските медиуми Јелена е бремена и заедно со Новак ќе добијат принова некаде во август.

“Јелена е во блажена состојба и поради тоа таа не допатува со сопругот во Ниш на мечевите од Дејвис купот. Нашиот број еден рекет после репрезентативните обврски замина во Копаоник да помине некој период со своите родители и браќа и во таа прилика им ја соопштил среќната вест. Набргу потоа ќе се врати во Монте Карло каде ќе биде се до заминувањето во март на американската турнеја.“, јавуваат од српските медиуми.

Овој пар го имаат  двегодишниот син Стефан кој се роди на 21  октомври 2014 .

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -