6.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

ВМРО-ДПМНЕ објави аудио снимки

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за нерегуларности на последните претседателски избори. СДСМ ги злоупотребува институциите за вработување на партиски активисти. СДСМ ја злоупотребува државната администрација за партиски цели, рече д-р Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција.

ВМРО-ДПМНЕ објавија аудио снимка, која што е пуштена на Интернет, на која се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски. Снимката е од состанокот на ново вработените во прилепската болница.

– Тие директно им кажуваат и даваат задачи дека сите ново вработени со надомест за работното место, мора да истрчаат за партијата на изборите. – образложи Николов.

Во ЖИВО од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Posted by Pressing TV on Wednesday, July 31, 2019

поврзани објави

Последни објави