2.8 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Заев го повика Груевски да се врати во Македонија за да му помогне

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, деновиве имаше нов фејсбук статус од Будимпешта, каде што доби политички азил, коментирајќи ги актуелните случувања во Македонија. Тој се осврна на телефонските разговори на премиерот Зоран Заев со руските комичари, на најавите за странски инвестиции, случајот „Рекет“.

На пораките и објавата на Груевски возврати и премиерот Заев кој го повика Груевски да се врати во Македонија за да му помогне. Ми треба помош, па го повикувам Груевски да се врати во државата да ми помогне. Човек може да помогне и кога ќе си ја одлежи казната, вели Заев.

Во својот фб статус Груевски вели: Да се објаснувам сега со давеникот Заев кој со секоја изјава самиот се “дозакопува во жива кал”, дека додека јас бев премиер НИТУ ЕДЕН учебник по историја во Република Македонија не се смени и последното менување и правење учебници по историја е од времето на СДСМ? Таму де, каде пишува се за Александар, Филип, Аминта Трети, за Гоце, Даме, Јане, …и остантите “украдени” од “украдената историја”. Ени ги, авторите и академиците кои низ своите јавни настапи многу помогнаа Заев да стане премиер. Сами му одговараат на Заев, бараат да престане да и прави штета на државата, му објснуваат дека Македонија има свој дел од античката историја, дека го руши тоа што со децении науката го градела, дека е пироман и дека ја води Македонија кон бездна…, кажете ми, што јас да додадам повеќе од нив?

поврзани објави

Последни објави