Јас сум советник на Охрид. Јас сакам Охрид да биде добар град. Јас се трудам во сиве точки на советот да дадам поддршка на сите седници за градот, имам гласано секогаш за убавите работи. Јас не се спротиставувам на законот, но сакам тој да важи за сите еднакво. Јас законски сум покриен. Иако сум покриен, ако нешто пречи мојот објект за Унеско, јас ќе го рушам сам. Заев не може да збори поединечно, цело крајбрежје е дивоградба. Нека ги рушат тие дивоградби, ќе го рушиме и моево, рече Нефи Усеини за телевизија 24.
Јас се пријавив да рушам со мојата фирма бидејќи јас како фирма дадов најмала цена за рушење за да му помогнам и на градот. Ќе почнев од мојава, но ќе завршам со последната. Не само кај Нефи. Ќе завршам и со последната дивоградба, иако тврдам дека моето не е дивоградба бидејќи законски, со документи сум покриен, додаде тој во интервјуто за ТВ24.
Целото интервју можете да го погледнете ОВДЕ.