-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

И тоа е можно – Катица Јанева не поднела оставка

Не постои оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева се додека таа не биде писмено доставена до Советот на јавни обвинители, сметаат експертите, пишува Слободен Печат.

Од друга страна, ако оставката стане ефективна, без Јанева не постои ниту Специјалното јавно обвинителство и во август не можат да продолжат судењата по десетината преостанати предмети што СЈО ги води пред судовите, па некои експерти сметаат дека треба веднаш да се бира нов специјален обвинител според актуелниот закон за СЈО, пишува Слободен печат.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од специјалната обвинителка Јанева.

– Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот – вели Штерјев за „Слободен печат“.

Целата објава прочитајте ја на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

поврзани објави

Последни објави