При денешната посета на Македонија на премиерот на соседна Република Бугарија Бојко Борисов заедно со официјална владина делегација, имаше навистина интересен момент откако Борисов и Заев седнаа во кабинетот на македонскиот премиер.
Имено, додека фотограферите си ја вршеа својата работа, Заев му рече на Борисов: Ајде уште еднаш, по што ги стиснаа и двете раце а македонскиот премиер даде и свој коментар: Ете така, да се знае кои се најголемите пријатели.
Бугарскиот премиер Борисов ќе присуствува во земјата по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот за добрососедство и пријателство. Заев и Борисов од владата заминуваат во црквата „Св Спас“ каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Борисов ќе има средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Пречек на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов [01.08.2019]
Во живо од официјалната церемонија со највисоки државни и воени почести на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. 🇲🇰🇧🇬
Posted by Zoran Zaev on Thursday, August 1, 2019