3.8 C
Skopje
Friday, January 10, 2025

Борисов побара прошка: Ние сме браќа, вие сте македонци, а не северномакедонци

Борисов побара прошка од граѓаните на Република Северна Македонија бидејќи ги нарекол северномакедонци.

Вие сте Македонци, јас се извинувам што згрешив, не го кажав тоа намерно, простете ми. ЕУ е толерантен, направија многу и прават уште за Македонија. Ако го гледаме само бугарскиот интерес, немаше да се заложиме за Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, рече Борисов на денешната пресконференција.

На пресконференцијата Заев рече дека Македонија и Бугарија се пример на Балканот и дека нема застанува овде. Досега покажавме храброст без разлика на нашите политички кариери да градиме пријателство меѓу нашите народи и земји. Тоа е иднината, тоа е и интерес на Бугарија, да започнеме преговори со ЕУ. Бугарија е една од првите земји која го ратификуваше протоколот за НАТО. Ќе продолжиме да бидеме пример како се решаваат прашањата и како соработуваат две пријателски земји, рече премиерот Заев.

Борисов одгоараше на новинарски прашања дали Бугарија може да ја блокира ЕУ интеграцијата на Македонија.

Бугарија на никаков начин не се меша во работата на РСМ. Внимателно ги следам вашите медиуми и за жал морам да препознаам надворешни сили кои работат против Бугарија. Со што е уплашена Македонија од Бугарија? Дали не направивме се што треба за Македонија да биде во светлината постојано? Што имаме ние лошо направено? И од наш заеднички интерес е да бидете во НАТО, на нашите полигони да имаме заеднички подготовки, нашите херои кои загинале токму овие цели ги имале, да бидеме браќа. Акцентот за еден политичар е какви придобивки ќе донесе за својот народ, а ние донесовме многу позитивни работи за нашите земји, рече Борисов.

поврзани објави

Последни објави