11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Вардарки добија „жолт картон“ – тешка победа против Турингер

Македонскиот женски ракометен шампион Вардар, ја продолжи победничката серија во Лигата на шампиони, откако денес во трилер-натпревар славеше над Турингер во Германија со резултат од 31:29.

Избраничките на Дејвис Камара фантастично влегоа во натпреварот, остварувајќи водство од 5:0. Во текот на првиот период, нашите ракометарки имаа и најголема предност на овој натпревар од +7 голови, а на полувреме се замина со 5 гола предност во полза на Вардар (18:13).

Домашниот тим ја презеде контролата на натпреварот на почетокот од второто полувреме, а со тоа успаја да намалат на само 2 гола разлика, а потоа и целосно да го превземат водството. Последните десет минути од натпреварот се играше гол за гол, а домаќинките целовремено имаа позитива од еден гол, па на крајот искуството на вардарки во одбраната и феноменалната Лекиќ го вратија водството на натпреварот, а конечниот резултат 31:29 го постави Херем која постигна погодок во последната секунда.

Андреа Пенезиќ со 10 гола беше најефективна во редовите на Вардар, а Андреа Лекиќ допринесе со 8 погодоци. Алтахаус натпреварот го заврши со 5, а значаен допринес во победата имаше и Херем која постигна 4 гола.

поврзани објави

Последни објави