23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Орце Ѓорѓиевски: Крајот ви се ближи и тоа го знаат и Кики и Фрики, и Зоки Поки

Дојде време во кое Кики вика дека не е Кики. Гледаме и не можеме да веруваме. Народот на ова вели, си ја ишка мувата од капата зошто друго не е, и не може да биде. Овој вистинскиот Кики е доскорешен генерален секретар, и сеуште во раководството на партијата на власт. И ако има нешто блескаво во СДСМ тоа е кариерата на овој Кики, ама не по чесноста, туку блескава по нечесноста, сомнежите кои ОЈО треба да ги потврди или отфрли дека бил учесник во сомнителни зделки, вработувања, договори.

Барем да ќути, да пропадне и да молчи, како другаркаму Фрики, но Кики уште гласен, реди надимаци на други луѓе кои не ни помирисале криминал како што овој Кики тоне во него. Народот вели “ем шуто ем боде”, се препелка и тоне во сопствената кал. Крајот ви се ближи, и тоа го знаат и Кики и Фрики, и Зоки Поки.

Фејсбук статус на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски

поврзани објави

Последни објави