16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Идризово го чека, ама: Кочан е хоспитализиран во болница и поднесе ново барање

Сеат Кочан, кој е правосилно обвинет во случајот „Труст“, до СЈО доставил ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор, поради здравствени причини.

Неговата жалба беше одбинеа и во вторникот од Основниот кривичен суд соопштија дека е издадено решение веднаш да се јави во затвор. Кочан таквото решение го примил вчера утрото, но до моментов тој не се пријавил на затворската капија, а оттаму за тоа го известиле судот.

По добивање на неопходната документација, посочуваат од Кривиниот суд, надлежниот судија дополнително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано и по него ќе се одлучува или тоа ќе биде отфрлено.

– Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со издржувањето на казната затвор на еден од правосилно осудените лица во предметот 1459/17 од Обвинителството означен како „Труст“, информираме дека до надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање Судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето – информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје.

Затворската казна која треба да ја одлежи бизнисменот е поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна. Тој првично доби шест години, но Апелација му ја намали казната.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави