Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој деновиве беше во посета на Унгарија каде што се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан за „Независен“ вели дека нема контакт со почесниот претседател на партијата и бегалец, Никола Груевски, уште од периодот кога СДСМ му овозможи да избега.
Мицкоски изминатите два дена беше во Будимпешта, придружуван од потпретседателот Александар Николовски, каде имаа средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во официјалните соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од шпекулациите, никаде не се спомена дека Мицкоски ќе има каков било контакт со Груевски.
Повеќе вести: Заев и Борисов го открија возобновениот споменик на Генералот на бугарската армија Константин Каварналиев
Во Дојран го откривме возобновениот споменик на Генералот на бугарската армија, Константин Каварналиев, кој го одбележува неговото вечно почивалиште. Оригиналниот споменик стоел на истото место до почеток на 1966 година.
Со возобнувањето на споменикот Општина Дојран добива уште една точка од историско значење, што сигурно ќе привлече туристи и туристичко внимание на дел од населението во Бугарија. Со тоа добиваме уште едно обележје од богатата и слоевита историја на Балканот, која треба да ја почитуваме, но на која не треба да и робуваме.