16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Млад Македонец настрада во Малта – од струен удар

Македонецот Мартин Калинчев кој живеел и работел на Малта денеска во несреќен случај го загубил животот, објавуваат медиумите на таа земја, пренесува Република.

Како што соопштила полицијата, Калинчев загинал од струен удар.

Според податоците кои ги објавуваат Македонците кои живеат и работат на Малта и медиумите на таа земја, Калинчев загинал утринава околу 9.30 по локално време, додека работел.

Инцидентот се случил додека Мартин работел качен во дигалка и се допрел до електрични кабли. Повикана е брза помош која го префрлила во болница, каде е констатирано дека починал од сериозни повреди.

Полициската истрага се уште е во тек.

Извор: РЕПУБЛИКА.мк

поврзани објави

Последни објави