Оперскиот пејач Игор Дурловски со песна за Илинден која ја сподели на Фејсбук.
Оперскиот пејач Игор Дурловски на социјалните мрежи сподели моќно видео кое заедно со семејство ја пејат песната „Налеј, налеј“ и со оваа песна на Македонците, сакаат да им го честитаат најголемиот празник, Илинден.
Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.
– Време во кое и ѕидовите имаат уши а никој не сака да не чуе. Честит нека ни е Илинден, напиша тој.
Време во кое и ѕидовите имаат уши а никој не сака да не чуе.Честит нека ни е #Илинден
Posted by Igor Durlovski on Thursday, August 1, 2019