16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Сите си уживаа на плажа, никој не очекуваше дека ќе ги поклопи огромен бран

Многу Бразилци кои уживале на плажата во Кабо Фрија не ни сонувале дека уживањето на сонце ќе и им го расипе огромен бран.

Туристите се одмараа на лежалки и на столици, а децата играа фудбал.

Наеднаш, дојде бран кој се собра. Столиците и масите беа под вода, а луѓето панично почнаа да ги собираат своите работи.

Морето ги носеше и чадорите за сонце, а угостителите се обидуваа да зачуваат што можат. Спасителите имаа полни раце работа, посебно внимавајќи на децата.

За среќа немаше повредени, но се прашуваме колку натопени торби имало, мобилни телефони и други вредни предмети.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави