4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Не им текнува да заминат: За брзо да ги „испратите“ гостите – како да направите „сиктер“ кафе

Ви дошле гости кои едноставно никако да им текне да си заминат. Или пак некои секој ден ви е на кафе и не ве остава на раат да одмарате после работа?

Еве еден народен рецепт за таканаречено сиктер кафенце.

Велат дека доколку во кафето откако ќе го сварите додадете малку плутена тапа во него – гостинот за многу кратко време нема да може да дочека да стигне до излезната врата. Веднаш ќе му проработат цревата.

Дали знаевте: Кое кафе содржи најмногу кофеин?

Инстант кафето подготвено во кафулиња содржи околу 100mg кофеин по чаша, што е помалку отколку кофеинот кој го содржи една чаша филтер кафе, но тоа не значи и дека е поздраво.

На овој начин подготвен пијалак, најтешко е од кафе да се отстрани маснотијата, па со тоа се зголемува и нивото на лошиот холестерол во крвта.

Од друга страна пак, хартиениот филтер многу подобро ја апсорбира маснотијата. Една чаша филтер кафе содржи и до 150mg кофеин, кој може да им пречи на луѓето со премногу чувствителен желудник.

Чаша еспресо пак, содржи двојно помалку кофеин, околу 80mg и малку маснотии, а инстант кафето има уште помалку кофеин.

Турското кафе содржи 160mg кофеин, како и целосно нефилтрирани маснотии, заради што може негативно да влијае врз здравјето ако се консумира во претерани количества.

поврзани објави

Последни објави