11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Темни облаци над Македонија – очекувајте порoјни врнежи и грмежи

Синоптичарите прогнозираат променливо облачно со сончеви периоди.

Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.

За време на двата дена од викендот ќе дува засилен северозападен ветер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ, АНАЛИЗА НА СЛАВЧО ПОПОСКИ – Македонија на удар на најсилниот топол бран ова лето – детална анализа за понатаму

Како што најавивме изразениоттопол Африкански бран долго ќе се задржи кај нас но со малку помал интензитет и тоа особено утре кога очекуваме незначителен пад на температурите и северен ветер, исто така се очекува повторно локална нестабилност и тоа особено на север и на исток од државава каде се можни и нешто ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.

Она што е интересно е дека најновите анализи укажуваат на тоа дека некаде од 10 август па натака нашата држава би можела да биде зафатена од најсилниот топол бран ова лето кога во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури би се искачиле дури и до околу 43, 44 степени.

Ситуацијата будно се следи околу овој топол бран, нови и по потреба обновени метео информации очекувајте понатаму.

поврзани објави

Последни објави