11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Антонио Милошоски во одбрана на Стефан Богоев: погледнете ја објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски е крајно актуелен на социјалните мрежи, каде често изнесува најразлични обвиненија против власта и СДСМ.

Сепак, интересно е да се види последната објава, во која тој на еден начин го брани градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво – напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил, објавувајќи го Меморандумот за соработка потпишан меѓу Стефан Богоев, како градоначалник на општина Карпош и Бојан Јовановски како претставник на Меѓународниот сојуз Скопје.

Градоначалникот на Општина Карпош веќе даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во врска со предметот „Рекет“ во кој за сега се осомничени две лица. Богоев потврди дека склучил меморандум за соработка со првоосомничениот Боки 13, но негираше дека е вмешан во било какви кривични дела.

поврзани објави

Последни објави