0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Александров: И тука во Австралија лузерите се лузери, кукавиците се кукавици – исто и во Македонија

Не знам дали е поодвратна апатијата или полтронството кон бандите кои три децении го пљачкаат, силуваат и понижуваат македонскиот народ. Некој ќе каже: “Џабе е да се бориме, кога секако ќе победат.

Поарно да гледаме децата да си најдат чаре надвор.” На таквите можам само да им кажам дека лузерите се лузери насекаде. Кукавиците се кукавици насекаде. Лигушите се лигуши насекаде. Медиоктритетите се медиокритети насекаде. Срамот од родителите децата си го носат секаде.

На оние поттрчковци на колаборационистичката багра која денес глуми ВМРО(ДПМНЕ), на чело со Hristijan Mickoski, кои ми порачуваат дека лесно ми е мене од далеку да бидам јунак на ФБ, ама ај да видат да дојдам во МК да се борам, еве им една отворена понуда да ја тестираме нивната чесност:

Ајде нека се согласат јавно Мицкоски и неговиот раководен тим да го повикаат членството на блокада пред парламент и да застанат таму рамо до рамо со мене, на смени, до падот на криминалниот окупаторски режим, со став дека никогаш нема да признаат било какви закони или договори на тој режим, а јас овде ќе оставам фамилија и неисплатен дом за да дојдам да го исполнам мојот дел.

Ако во меѓувреме било кој од нив се повлече, да поднесе неотповиклива оставка не само од функција, туку и од членство во партијата, а во спротивно да биде исклучен од партијата како предавник на нацијата. На негово место да дојде човек кој јас ќе го номинирам.

Знам некој ќе рече “да бе, така тие тебе ќе ти отстапат позиции за кои работеле со години’”.

Мојот одговор до таквите е, “да бе, вие ќе си го терате најлесниот, кукавички пат до кариера и корист, ќе си мислите ноншалантно на наредната чашка, седенка, швалерка или плажа, а јас ќе оставам семејство втемелено и пристојно ситуирано во Австралија, ќе оставам банката да ми ја земе куќата заради неисплатен кредит, за да се борам таму за вашето достоинство, права и интереси, чекајќи да ме продадете на прва кривина?”

Ако дојдам таму, не доаѓам да се борам ЗА таквите како вас, туку за ваше истребување како рак рана на општсетвото.

Ќе дојдам, во оној момент кога ќе проценам дека постои сериозен тим на барем десетина души со кои ќе се бориме рамо до рамо, неуморно, обсесивно, ДО КРАЈ! Ќе дојдат и други тогаш.

Никој не заслужува помош ако не се бори со сите сили самиот да си помогне. На крај, како суштествата, така и народите кои се неспособни за себеодржување исчезнуваат. – Напиша Игор Аврамовски Александров на својот фејсбук профил.

поврзани објави

Последни објави