7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Русија ја заби тежок малер: Експлозија во складиште за муниција – итна евакуација

Четири лица се повредени во експлозија што се случи денеска во складиште за муниција во воена база во рускиот регион Краснојарск. Министерството за вонредни состојби нареди евакуација на населението во радиус од 20 километри.

Евакуирано е населението што живее во близина на военото складиште во Ачинск.

Според шефот на округот Евгениј Росангугов, се уште има експлзоии и на никој не му е дозволено да пристапи кон складиштето.

Овие денови светот е со Русија, поради пожарите кои се случија во Сибир.

Руски воен авион во еден ден исфрлил повеќе од 1.200 метрички тони вода на подрачјата зафатени од шумските пожари во Сибир, постигнувајќи напредок во гаснењето на огнот.

Руските оружени сили соопштија дека со вода од воени авиони и хеликоптери е угаснат пожар на околу 1.700 квадратни километри во областите Иркутск и Краснојарск.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела побара од воениот персонал да се вклучи во борбата против шумските пожари во Сибир и на Далечниот Исток, кои заедно зафатиле територија со големина на Белгија.

поврзани објави

Последни објави