Согласно законот за празниците петок 2-Август, Денот на Републиката беше неработен за сите граѓани, со што добивме три дена одмор.
Во август следни неработни денови се Успение на Пресвета Богородица или 28 август и 11 август Курбан Бајрам за Муслиманите.
Ако планирате продолжен викенд во Грција: Ова се важни работи кои треба да ги знаете:
Највисока дозволена брзина – Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
Употреба на мобилен телефон – За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР.
Дозволено количество алкохол – Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.
Потребни документи – За влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
Задолжителна опрема – Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра) Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат:задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме. Зимска опрема:Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h.