3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

СДСМ: Заврши времето за тендерите на Тодоров, ќе има реформи во здравството

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денес со соопштение најави дека новата Влада, ќе се погрижи за сите здравствени институции ширум државата, алудирајќи на тетовската болница која во последните 10 години како што велат од СДСМ, нема основни услови за лекување на болни лица.

„Тетовската болница, како и сите други здравствени установи во Македонија ќе имаат достоинствени услови за работа за заштита на здравјето на граѓаните, но тоа ќе го обезбеди новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

Граѓаните на Тетово, како и граѓаните во другите делови од Македонија знаат дека Никола Тодоров само им зборува за тендери, но тие од тендерите на власта ништо добро не видоа 10 години.

Кокретно граѓаните на Тетово до денес се жалат на недостаток на опрема во Тетовската болница, на лоши услови внатре, дека сами си купуваат лекови и медицински материјали. А тоа е сликата и во сите други болници низ државата.

Од несовесната власт, Македонија е прва заедно со Романија по лоши резултати во здравството според Европскиот здравствен индекс (ЕХЦИ) во истражувањето за 2016 година.

Затоа Тодоров не може со лажни вести да ги манипулира повеќе луѓето, кои ја казнија неодговорната тендерска власт и избраа промени.“

поврзани објави

Последни објави