Андреа Поповски, поранешниот в.д. директор на Централниот регистар заедно со уште четворица вработени во регистарот попладнево биле приведени од полицијата. Се чека на одлуката на обвинителството за понатамошната постапка против овие лица.
Нема официјални информации за причината на приведувањето на барање на Финансиската полиција.
Андреа Поповски е назначен за в.д. директор на Централниот регистар на Македонија во 2014 година. Според тогашната информација на Централниот регистар, откако директорот Ванчо Костадиновски беше поставен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, сѐ додека не биде поставен нов директор, вршител на должноста ќе биде Андреа Поповски кој претходно работеше во Централниот регистар.