3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Брутално искрена мајка: Мојот 13-годишен син доцни на училиште бидејќи не знае каде му се чорапите

„На син ми хормоните му маваат во глава, мисли дека светот му должи нешто, одбива да стане од кревет навреме за на училиште, мисли дека Xbox-от е живот…“ Мајка од Австралија стана вирален хит со нејзината брутално искрена порака до училиштето со објаснување зошто нејзиниот син доцни на училиште.

Сузан отворено кажува дека причината е мрзеливоста на нејзиниот 13-годишен син.

Нејзината порака гласи:

„Задоцни затоа што тој е зборлесто речиси 14-годишно момче, на кое хормоните му маваат во глава, мисли дека светот му должи нешто, одбива да стане од кревет навреме за на училиште, мисли дека Xbox-от е живот, мрмори наместо да зборува, минува 20 минути во тушот само стоејќи бесцелно, се движи со брзина на полжав и не може да си ги најде чорапите иако му се пред очи.

-Многу мајки ширум светот кои имаат синови на таа возраст се согласија со Сузан дека е навистина тешко да ги извлечете од кревет за да одат на училиште.

Дали и вие познавате некој ваков случај?

поврзани објави

Последни објави