Навивачката група на прилепска Победа која е позната под името „Мајмуни“ денес од Кавадарци од финалето на турнирот Вуко Каров испрати силна порака како одговор за српско-грчката провокација од Солун.
Имено откако пред неколку дена на кошаркарски натпревар, навивачите на ПАОК од Солун и Партизан од Белград порачаа дека Македонија е Грчка и Косово е Српско, на ова имуни не останаа прилепчани кои одговорија уште посилно.
„Мајмуни“ според напишаното на транспаренот им посакаа на нашите јужни соседи банкрот, додека на Србија да им се повтори 1999 година кога беше бомбардирана од НАТО.
Кога сме кај спортскиот дел од турнир, Победа како и минатата година го одбрани трофејот откако во финалето го совлада домаќинот Тиквеш со 0-6.