28.8 C
Skopje
Monday, April 21, 2025

ФОТО: Велика Британија испрати разорувач во Црното море, Русија ги исмева!

Велика Британија се одлучи да испрати разорувач во водите на Црното море, што е за првпата  после Студената војна еден воен брод од оваа држава да вплови во водите на Црното море.

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон испраќањето на разорувачот „Дајмонд“ од тимот 45 го прокоментира како испраќање сигнал за спремност да се поддржи суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина.

На бродот се наоѓа екипаж од 60 морнари кои исто така учествуваа на воената вежба на седум држави од НАТО како и Украина која беше именувана под името „Морски штит“ а се одржа од 1. до 10. февруари.

Присуството на „Дајмон“ во водите на Црнот море наиде на потсмев кај официјална Москва која според кажаното нималку не е загрижена бидејќи еден таков брод не може ниту најмалку да ги загрози, односно парира на нивната моќна флота.

 

поврзани објави

Последни објави